Постапката на чистење на дамките и чкртаници на ѕидот ако не се изведе како што треба, може да остави видливи траги после чистењето. Еве неколку совети како тоа правилно да се направи.
Пред да се започне со чистење, потребно е да се знае дека ѕидовите со поголем сјај (полусјајни и сјајни) се полесни за чистење поради мазната површина.
Најнеагресивно чистење е ако се користи како средство чиста вода. Затоа секоја дамка треба најпрво да се третира со сунѓер или салвета натопено со малку вода.
Доколку чистењето не се успее, треба да се проба со мешавина на топла вода и средство за миење садови. Уште посилно средство за чистење се добива со мешавина на шолја амонијак, пола шолја оцет и четврт шолја на сода бикарбона растворени во 4 литри топла вода.
За чистење на тврдокорни дамки направете смеса од сода бикарбона и вода, со која ќе триете преку дамката, а потоа ќе пребришете со крпа натопена во чиста вода.
При чистењето почнете од горните дамки, па надолу. Водата која ќе протече на ѕидот при чистењето треба да се брише со крпа за да се избегнe оштетување и појава на траги на ѕидот. Доколку дамките се масни, совети за третирање на масни дамки може да се прочитаат на овој.