Третирање на масни дамки на ѕидот

Home / Uncategorized / Третирање на масни дамки на ѕидот

Маслото во контакт со ѕидот може да дојде на повеќе начини. Допирот со масни раце или распрскување на маслото на ѕидот при готвење остава дамки кои тешко се отстрануваат. Маслото се впива во ѕидот и најчесто тешко се отстранува со вода и сапун. 

Доколку масните дамки не се третираат, за одреден период после бојадисувањето на ѕидот, тие повторно може да испливаат на површината. 

Постојат неколку постапки за третирање на масните дамки со кои е извалкан ѕидот: 

Натопете сунѓерче со бел оцет. Исцедете ја течноста за да сунѓерчето биде влажно, но не и премногу потопено, и истријте ги дамките со него. Потоа, натопете чисто сунѓерче и истријте ја областа на дамките за да го отстраните оцетот. Исушете го ѕидот со сува крпа. 

Друг начин е со употреба на леб – корката се вади и се прави топка од леб, со која се трие дамката. 

Посипување на талк преку дамката, а потоа нежно отстранување со четка е исто така добар метод.

После третирањето на дамките, може да ги бојадисате местата каде што се појавиле за да визуелниот ефект биде целосен.